Потпретседателот на Сиера Леоне, Сам Сумана доброволно замина во карантин, откако еден од неговите телохранители почина од ебола.
Сумана доброволно одлучи да замине во карантин на 21 ден, откако во вторникот од ебола почина припадникот на неговото обезбедување.
Тој ги повика и сите други лица, кои биле во контакт со починатиот да заминат во карантин.
Сумана 21 ден додека е во карантин ќе ги извршува своите должности од дома.