Брод со повеќе од 50 лица потона во либиските територијални води, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР).
Точната локација на несреќата не е прецизирана, објави УНХЦР на Твитер.
Либија е една од главните појдовни точки за африканските мигранти кои се обидуваат преку Средоземно Море да стигнат до Италија.