Постигнат договор за примирје меѓу Израел и Хамас

Од:

Израел и радикалното движење Хамас кое владее во Појасот Газа се договорија за прекин на огнот, кој треба да стави крај на насилствата, во кои до сега над 160 лица загинаа, соопштија во Каиро официјални лица, кои учествуват во преговорите.

Тешките преговори, кои се водеа под притисок на денешниот бомбашки напад во Тел Авив, во кој загина најмалу 13 луѓе, а 20 беа повредени, беа под покровителство на американскиот државен секретар Хилари Клинтон и меѓународната заедница. Претходно Клинтон разговараше со изралскиот премиер за ситуацијата.

„Ракетните напади од терористички организации од Газа врз израелските градови мора да запрат и поширокиот мир мора да се врати“.

Израелскиот премиер изјави дека Тел Авив го преферира дипломатското решение на проблемот, но исто така е подготвен на секоја акција, доколу нема примирје.

„Ако постои можност за долгорочно решение на овој проблем преку дипломатски средства тогаш го избираме тој начи. Но, ако нема таква можност тогаш сигурен сум дека ќе сватите оти Израел ќе мора да ја преземе секоја акција која што е непоходна за да го одбрани сопствениот народ.

Израел го прифати договорот, според соопштението објавено од канцеларијата на премиерот Нетанјаху. Претходно Нетанјаху беше во постојана телефонска комуникација со американскиот претседател Барак Обама пред да се согласи на прекин на огнот.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

ВИДЕО: Израел напаѓа бегалски кампови во Газа

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ