Последните две децении во Чешка десетпати зголемен бројот на породувањата дома

Од:

Бројот на породувањата во домашни услови со помош на асистентка во Чешка, е десетпати поголем отколку пред 20 години, покажуваат најновите статистички податоци.

Во 1990 година, надвор од болниците биле родени 200 од околу 100.000 новороденчиња, но од нив 16 се родиле дома, планирано со асистенција на бабица, а останатите се родиле или во болнички автомобил или на некое друго непланирано место.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, во 2009 година, бројката на деца родени во домашни услови била 150 од вкупно 400 кои се родени надвор од породилиштата.

Во Чешка, породувањето дома не е со закон забрането, но трошоците не се покриени од здравственото осигурување. Во последно време се јавуваат иницијативи од страна на акушерките и мајките, компаниите кои се занимаваат со здравствено осигурување да овозможат родилките самите да го одберат местото каде ќе го родат детето, а трошоците да им бидат надоместени.

Повеќето од гинеколозите сметат дека домашните породувања носат преголем ризик и за родилките и за децата. Според д-р Роман Хмел, жената која раѓа дома, треба да потпише согласност и да биде запознаена со ризиците за себе и детето.

– Да се раѓа дома е слободна волја на жената и доколкутаа така одлучи секогаш би требало да бидат извршени комплетни испитувања за време на бременоста, за да бидат исклучени евентуални компликации, вели Хмел.

Комплексните испитувања се важни и поради тоа што со годините се смени и возраста на која жените највеќе се одлучуваа да раѓаат. Додека пред повеќе од 15 години жените раѓале во просек на 24 години, во 2010 година тој просек бил 29 години.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски