Последните 200 француски војници го напуштија Авганистан

Од:

Последните француски војници од НАТО составот во Авганистан денеска ја напуштија земјата.

Во Авагнистан остануваат 1.500 Француски војници од неборбен состав, во најголем број во Кабул.

Последната група 200 француски војници од борбениот состав денеска го напушти Авганистан, две години пред завршување на мисијата на НАТО, со 100.000 војници предводени од САД.

Војниците се очекува да пристигнат во Франција на 18 декември.

Неборбениот состав француски војници треба да се врати во 2013 година и нивна задача ќе биде враќање на опремата и обука на авганистански војници кои треба да ја преземат одговорноста за безбедноста во земјата.

Најголемиот број француски војници во Авганистан изнесуваше 4.000, со што беше петтиот контингент по големина во земјата по САД, Британија, Германија и Италија.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано