После иранскиот напад, гори американски танкер во Персискиот Залив

Од:

Израелското бомбардирање на Техеран продолжи утрово, а Иран го започна и 19-тиот бран од операцијата „Вистинско ветување 4“ со ноќни напади врз израелски и американски цели.

Иранската војска соопшти дека преку ноќ лансираше неколку дронови „Араш“ со долг дострел, насочувајќи ги кон резервоарите за гориво во воздухопловната база Рамат Давид во Израел.

Државната новинска агенција Фарс објави дека силите на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) погодија американски танкер за нафта во северниот дел на Персискиот Залив, предизвикувајќи пожар на бродот. ИРГЦ во соопштението наведува дека Ормутскиот теснец ќе биде под иранска контрола за време на војната.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем ракетен напад на Иран врз Израел

Иран: Трамп лаже, не бараме прекин на огнот

Трамп: Ќе се повлечеме од Иран доста брзо, апсолутно размислувам за напуштање на НАТО

Предраг Петровиќ

Иран: Ормутскиот теснец отворен за бродови од повеќето земји

Американската амбасада во Ријад ги предупреди Американците дека хотелите би можеле да бидат цел на напади

Ирански дрон ги погоди резервоарите за гориво на аеродромот во Кувајт