Посетата на Оланд на Грција – симболичен гест за поддршка на напорите за обнова на земјата

Од:

За време на вчерашната посета на Атина, францускиот претседател Франсоа Оланд изрази поддршка за напорите на Грција да ја заживее економијата и ги повика француските компании да инвестираат во презадолжената земја.

Тој, исто така, го истакна интересот на Франција да соработува со Грција во експлоатацијата на нафта и резервите на природен гас во Егејското Море.

– Нашата порака е порака на пријателство, поддршка, доверба и развој. Ниту еден европски народ не бил подложен на ваков тест, па затоа мора да застанеме зад Грција, изјави Оланд по средбата со грчкиот премиер Андонис Самарас.

Францускиот претседател ја истакна важноста од странски инвестиции со цел зајакнување на Грција која веќе шеста година е во криза. Тој рече дека ќе ги поттикне француските компании „активно да инвестираат“ и да учествуваат на тендерите за приватизација на државните компании за снабдување со вода и железницата, како и во други проекти.

Самарас рече дека се работи за „ново поглавје“ во билатералните односи, опишувајќи ја посетата на францускиот лидер како „глас на доверба кој докажа дека Грција повеќе не е слабата алка на Европа“.

Тој информира дека разговорите биле фокусирани на можна соработка во разни сектори вклучувајќи ја и армијата, градежништвото и главно енергијата, истакнувајќи дека Грција има за цел да стане „енергетски центар во Егејското Море“.

Францускиот претседател додаде дека „не е во Атина за да продава оружје“, коментирајќи ги шпекулациите за можниоте закуп или продажба на фрегати на Грција.

Иако обезбдувањето во Атина за време на престојот на Оланд бече големо и над градот кружеа полициски хеликоптери, тоа не беше ни одблизу како обезбедувањето при посетата на германската канцеларка Ангела Меркел во октомври минатата година.

Би можело да ве интересира

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната