Португалскиот премиер пристигна во Киев

Од:

Португалскиот премиер Антонио Коста утринава пристигна во Киев.

„Доаѓам овде со емоции и почит, во солидарност со оваа земја и овој народ, соочен со варварската руска агресија“, рече Коста.

Во објавата на Твитер тој соопшти дека имал средба со украинскиот претседател Володомир Зеленски и порача дека Португалија стои недвосмислено со Украина. Тој соопшти дека разговарале за непосредните потреби на Украина која ги разгледува можностите за обнова на земјата.

„Обемот на предизвикот пред нас покажува дека треба да создадеме многу значаен европски финансиски инструмент и да привлечеме други меѓународни донатори“, на пиша Коста на Твитер.

Португалскиот премиер, исто така порача дека неговата земја е посветена на дополнително продлабочување на хуманитарната, финансиска и воена поддршка за Украина.

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли