Портретите на преживеаните од масакарот на Брејвик прогласени за фотографии на годината

Од:

Андреа Гјестванг е прогласена за најдобра фотографка на натпреварот „Sony World Photography“ во 2013 година. Во конкуренција од речиси 122.000 фотографии од преку 170 земји, Гјестванг ја доби наградата од 25.000 долари.

Таа успеа да направи серија портрети на деца кои го преживеаја масакарот на островот Утоја во близина на Осло во 2011 година, кога во терористички напад на камп 69 луѓе го изгубија животот, а 66 беа повредени.

portret-brejvik1

Портфолиото на фотографии го носи насловот: „Еден ден во историјата“. Темата на сликите е многу искрена и чувствителна, соопштуваат од Светската фотографска организација.

portret-brejvik2

Децата се сведоци на еден од најшокантните масовни убиства кој светот ги видел. Нивните портрети ги откриваат како после ужасниот масакар, тие повторно успеале да ги изградат своите животи.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани

Норвешка ја призна палестинската држава

Катерина Ѓуровски

Норвешка и Ирска ќе ја признаат Палестина

Насилник со нож нападнал неколку лица: Полицијата го совладала напаѓачот

Норвешка го зголеми бројот на регрути: Мора да имаме доволно луѓе, ќе ни требаат се повеќе и повеќе