Портпаролот на Хезболах Мохамед Афиф е убиен во израелски напад врз центарот на Бејрут

Од:

Главниот портпарол на милитантната група Хезболах, Мохамед Афиф, е убиен денеска во израелски воздушен напад врз центарот на Бејрут, во кој загинаа уште најмалку три лица, а четворица се ранети, изјави за АП неименуван претставник на либанската група.

Нападот во кој беше убиен Афиф погоди зграда во центарот на Бејрут, која припаѓа на арапската социјалистичка партија Баат.

Тоа беше прв израелски напад врз централниот дел на Бејрут во последните неколку недели.

Би можело да ве интересира

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан