Полицијата во Порторико на територијата на САД, протестира со организирано одење на боледувања, кои дневно ги отвараат 2.000 полицајци.
Протестот со боледувањата започна месец дена по демонстрациите на стотици полицајци, поради предложените намалувања на пензискиот допринос, барањата за повисоки плати и плаќање на прекувремената работа.
Тие исто така протестираа и поради соопштението на гувернерот на Порторико дека вработените во јавниот сектор ќе мора да земат неплатено боледување, доколку тоа е подолго.
Командирот на полицијата Ектор Песвер предупреди дека отсуството од работа ја доведува во прашање безбедноста во Порторико.
Елена Георгиевска