ВИДЕО: Обилен дожд, поплави и ветрови од 169 километри на час во Доминиканската Република и целосно затемнување во Порторико

Од:

Ураганот Фиона синоќа тргна кон север откако донесе обилни дождови и силни ветрови во Доминиканската Република и предизвика целосно затемнување во соседниот Порторико, каде што загинаа најмалку две лица.

Ураганот од втора категорија најверојатно ќе стане ураган од трета категорија додека се движи низ топлите води на Карибите кон островите Туркс и Каикос. Националниот центар за урагани синоќа ја означи Фиона во категорија втора, со ветрови кои достигнуваат 169 километри на час.

Центарот на Фиона се очекува денеска да помине близу или источно од архипелагот, кој во моментов е под предупредување за урагани, соопшти денеска американскиот Национален центар за урагани (NHC). Тропски бури се очекуваат и на Бахамите.

Откако го зафати Порторико, Фиона се спушти во Доминиканската Република во близина на Бока Јума во 3:30 часот наутро по локално време, според NHC. Центарот на бурата предпладне стигна до северниот брег на Хиспаниола.

Тоа е првиот ураган што директно ја погоди Доминиканската Република, по оној во септември 2004 година што остави голема штета на истокот на земјата.

Фиона предизвика сериозни поплави, отсече неколку села, принудена е евакуација на околу 800 луѓе и остави повеќе од 11.000 луѓе без струја во источниот дел на земјата.

Би можело да ве интересира

Најмалку четири лица се удавија во морето поради ураганот Нелсон во Шпанија

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Најмалку 27 загинати во Мексико по ураганот Отис

(ВИДЕО) Ураганот Идалија ја опустоши Флорида, невреме како што не се памети во последните 100 години

Двајца мажи први жртви на ураганот Идалија

Мексико се подготвува за ураганот Розлин