ВИДЕО: Масовна тепачка во авион поради носење маска под брада

Од:

Полицијата во Порторико привела жена која предизвикала масовна тепачка во авион на аеродромот во Сан Хуан, затоа што одбила да носи заштитна маска според прописите.

Еден од патниците го снимил инцидентот со мобилен телефон, а на видеото се гледа како жената вреска кон маж во бела маица. Тој претходно ја предупредил да ја стави правилно заштитната маска, која жената ја носела под брадата.

Во масовната тепачка што избива како резултат на првичната расправија, персоналот на авионот и повеќе други патници се обидуваат, прилично безуспешно, да ја смират ситуацијата.

Во дел од коментарите на постот на Твитер во кој е објавено видеото, се објаснува дека жената била физички напдната и малтретирана пред таа да удри некого.

Екипажот на авионот на нискобуџетната компанија „Спирит“ ја повикал полицијата, која ја привела бунтовната жена, а локалните медиуми пишуваат дека таа ја поминала ноќта во затвор.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност