Поројните дождови во Јемен зедоа 50 жртви

Од:

Од петокот до сега од поројните дождови во Јемен загинаа педесет лица, соопштија властите, цитирани од француските медиуми.

Дождовните бури предизвикаа поплави во различни реони на земјата. Во нив загинале 41 лице, а уште девет биле удрени од громови.

Надојдените води во провинцијата Таиз, јужно од главниот град Сана, вчера однесоа 27 лица, меѓу кои и три жени и четири деца, кои присуствувале на свадбена веселба.

Дванаесет трупа биле најдени во провинцијата Иб, а неколку лица се исчезнати.
Многу автомобили се однесени од надојдените води.

Една жена била однесена од порој во провинцијата Амран, а друга се удавила во провинцијата Саадах.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица

САД: Издадени предупредувања за ледена бура, Калифорнија се подготвува за поплави

Ал Хути: Хутите во Јемен ќе преземат воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа

Големи поплави зафатија делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки