Поразениот претседателски кандидат Прабово ја изедначи Индонезија со Северна Кореја

Од:

Претседатекиот кандидат Прабово Субианто, кој ги загуби изборите што во Индонезија се оддржаа на 9 јули, денеска ја  изедначи политиката ситуација во неговата држава со онаа на тоталитарниот режим во Северна Кореја. Со оваа споредба Прабово се обрати пред Уставниот суд на Индонезија, последната инстанца која може да реши дали имало нерегуларности во текот на изборите.

Прабово Субианто, поранеашен генерал од ерата на дикататорот Сухарто  на претседателските избори освои  осум милиони гласови помалку од  досегашниот гувернер на Џакарта Јоко Видодо. Веднаш по објавувањето на првите неофицијални резултати тој го обвини тимот на Видодо за лажирање на изборите, а, наводно, негов две илјаден адвока тски тим има доволно докази дека изборите не биле регуларни.

Со поднесувањето на тужбата и неочекуваните обвинувања на сметка на победникот Видодо, според голем број агенции за испитување на јавното мислење Прабово Субианто би освоил усште помалку гласови. Тој и неговиот тим во кампањата се обидоа да го прикажат Јоко Видодо како немуслиман и од кинеско етничко потекло, што во доминантно муслиманската Индонезија можеше да биде многу негативно.

Новоизбраниот претседател Јоко Видодо, прв претседател на Индонезија што не произлегува од армискиот врв, или од малубројната пребогата олигархија, веќе почна да го составува новиот кабинет, кој ќе биде инагуиран на 23 октомври. Устаниот суд има обврска своето решение по жалбата на Субианто да ја донесе најкасно до 2 август.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени