Пораз на британските ториевци за едно испразнето место во Парламентот

Од:

Британската Конзервативна партија на премиерот Дејвид Камерон, доживеа тежок пораз на вонредните избори за едно испразнето место во Парламетот, што се одржаа во англискиот град Истли.

На овие избори, кои се означуваа како тест за рејтингот на главните британски партии, победија Либералните демократи на Ник Клег, кои се коалициски партнер на конзервативците во Владата, пред евроскептичната Партија за независност на Обединетото Кралство (УКИП), која заговата напуштање на ЕУ.

Ториевците се дури трети и покрај силната кампања во која се вклучи и лидерот на партијата Камерон, во обидот да се освои ова традиционално место на либералните демократи, што тие го држат уште од 1994 година. Опозицискир лабуристи се четврти, но тие објаснуваат дека Истли не е единица на која тие сметаат.

Победата на Либералните демократи доаѓа во момент кога таа е во длабока криза поради секс скандалот на еден поранешен партиски функционер, за кој партијата, вклучувајќи го и лидерот Клег, знаела, но тоа го прикривала од јавноста.

Претставник на УКИП изјави дека оваа партија е моралниот победник на изборите, на кои таа никогаш досега не беше толку блиску до можноста да влезе во британскиот Парламент.

Конзервативната партија е најголемиот губитник, но нејзин претставник рече дека овие избори не се вистинската слика за расположението на гласачите, бидејќи луѓето гласале против, а не се определувале за некоја партиска програма.

Изборите во Истли се одржаа по оставката на пратеникот на либералните демократи Крис Хјун, доскорашен министер во Владата, кој беше осуден за попречување на правдата и за лажење на полицијата кога бил запрен за пребрзо возење.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он