Поранешниот уредник на „Њуз оф д Ворлд“ Коулсон пуштен од затвор

Од:

Поранешниот главен уредник на сега згаснатиот неделник „Њуз оф д Ворлд“, Енди Коулсон, денеска е ослободен по пет месеци поминати во затвор.

Коулсон, кој новинарството го замени за политиката и во мај 2010 година, беше назначен за директор за комуникации во Даунинг стрит 10, во јули годинава беше осуден на 18 месеци затвор за заговор за прислушување на говорната пошта на мобилните телефони на познати чичности и за правење ексклузивни новински вести.

Тој беше еден од вкупно четворицата поранешни новинари од овој некогаш најтиражен неделник-таблоид, кои беа осудени на затворски казни во оваа осум години присутна афера.

По излегувањето од затворот во Сафолк, Коулсон одби да даде каква било изјава на бројните новинари и сниматели. Министерзтвото за правда исто така одби да го коментира ослободувањето на овој новинар кому му се предвидуваше забрзан успех во кариерата.

Според британските прописи, дозволено е ослободување на осуденици откако ќе отслужат половина од казната, доколку не претставуваат закана за јавноста или доколку нема опасност од повторување на делото за кое се осудени. На оние кои ќе бидат пуштат пред истекот на половината од казната, им се наложува носење на специјална електронска алка со која се следи нивното движење и тоа обично трае, до поминување на половината од затворската казна.

Коулсон нема поминато девет месеци во затвор, но не е соопштено дали и тој во следните четири месеци ќе биде „обележан“.

Неделникот „Њуз оф д Ворлд“ беше затворен во јули 2011 година по откритието дека новинарите на весникот упте во 2002 година ги „ловеле“ пораките од мобилниот телефон на малолетната Мили Даулер, која подоцна беше убиена од еден педофил, а не само на познатиѕте Британците, како што до тогаш се мислеше.

Првите двајца новинари на весникот беа осудени пред крајот на 2006 година за повреда на приватноста откако беа обвинети за прислушување на мобилните телефони.

Коулсон на своето судење одбиваше да го прифати обвинувањето против него. Петмина други обвинети во тој процес, што траеше осум месеци, меѓу кои и некогашната новинарска „ѕвезда“ Ребека Брукс, беа ослободени.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он