Поранешниот украински претседател Јанукович го повика Зеленски да се откаже од борбата

Од:

Поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович, кој беше осуден за предавство во својата земја, а сега се наоѓа во Русија, го повика актуелниот шеф на државата Володимир Зеленски да се откаже од борбата против Русија.

– Вие сте лично должни да го запрете крвопролевањето и да постигнете мировен договор по секоја цена, истакна проруски ориентираниот Јанукович, јави ДПА, пренесувајќи ја изјавата од руски државни медиуми.

– Украина, Донбас и Русија го очекуваат тоа од вас, нагласи Јанукович, додавајќи дека и западните партнери на Украина би го поздравиле таквиот потег.

Јанукович (71), кој важи за крајно корумпиран политичар, беше соборен од власт во 2014 година од прозападни украински демонстранти и оттогаш живее во Русија.

Во неговата татковина, Украина, тој беше осуден во отсуство на 13 години затвор за предавство. Украинските медиуми неодамна објавија дека Кремљ сака да го врати Јанукович за претседател на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украина и САД денеска може да потпишат Меморандум за договор за минерали

А1он

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

(ВИДЕО) Зеленски го покани Трамп во Украина: „Дојдете да ги видите мртвите деца“

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски