Поранешниот претседател на Грузија, Саакашвили ќе биде заменик на украинскиот премиер

Од:

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили објави дека е повикан на функцијата вицепремиер на Украина, и ќе биде задолжен за реформи.

Саакашвили е еден од најпрепознатливите лидери на постсоветскиот свет. Тој го водеше украинскиот црноморски регион Одеса од 2015 година, но поднесе оставка откако се раздели со својот поранешен сојузник и познаник од студентските денови во Киев, тогашниот украински претседател Петро Порошенко.

Тој објави дека бил повикан во Владата актуелниот претседател на УкраинаВолодимир Зеленски, кого го поддржал на минатогодишните избори.

– Голема чест е да се прими понуда од претседателот Зеленски да станам заменик премиер задолжен за реформи“, објави на Саакашвили на својот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина