Поранешниот претседател на Чад Хисен Хабре на судење за воени злосторства во Сенегал

Од:

Поранешниот претседател на Чад, Хисен Хабре ќе биде изведен на судење за воени злосторства против сопствениот народ, пред еден специјален Трибунал во Дакар, главниот град на Сенегал.

Хабре е обвинет дека е одговорен за спроведувањето тортура, за убиства на илјадници луѓе, за време на неговото владеење со оваа африканска земја, во периодот меѓу 1982 и 1990 година, како и за злосторства против човештвото, но тој ги отфрла сите обвинувања.

Претстојното судење во Дакар, претставува прв случај во Африка, една земја да го обвини својот поранешен претседател.

Судењето доаѓа по 25 годишната кампања во Чад, за судски процес и за правда за жртвите од режимот на Хабре.Една Комисија што беше создаден во Чад уште во 1992 година, заклучи дрка пораншенит претседател на оваа земја еодговорен за околу 40 илјади мртви и исчезнати лица.

Во 2005 година, еден суд во Белгија, покрена меѓународна потерница против Хабре, повикувајќи се на универзалноста на јурисдикцијата за вакви обвинувања, но откако Сенегал каде Хабре побегна и живееше во егзил, го презентираше неговиот случај пред Африканската Унија, во 2006 година, АУ побара од Дакар да му се суди на Хисен Хабре, „во името на Африка“.

Судењето ќе го спроведе специјално формиран Трибубал кој ќе работи врз основа на сенегалското правосудство.Во 2013 година, ваквиот суд ја доби и формалната поддршка од земјите на Африканската Унија.

Би можело да ве интересира

Најмалку 40 загинати во судир меѓу два автобуси во Сенегал

Ана Ололовска

11 новороденчиња загинаа во пожар во болница во Сенегал

Катерина Ѓуровски

Во Сенегал регистриран првиот случај на сојот Омикрон

Катерина Ѓуровски

Трагедија во Атлантскиот Океан: 140 луѓе се удавија кај брегот на Сенегал

Жарко Настоски

Тринаесет лица убиени во оружен напад во шума во Сенегал

Наум Локоски

Најмалку девет лица загинаа во стампедо на фудбалски натпревар во Сенегал

Наум Локоски