Поранешниот папа Бенедикт Шеснаестти, кој во април треба да наполни 91 година, во писмо упатено до италијанскиот весник „Кориере дела сера“, најавува дека се подготвува за „своето последно патување“.
– Полека останувам без физичка сила и внатрешно сум на аџилак кон Божјата куќа, напиша папата Јозеф Рајцингер, по објавените информации дека неговата здравствена состојба се влошува.
Тој натаму во писмото нагласува дека за него претставува „голема милост затоа што на последниот дел од патот, кој понекогаш е заморен, е опкружен со љубов и добрина, какви што не можел ни да змаисли“.