Поранешниот минхенски надбискуп Фридрих Ветер се извини за погрешни одлуки кои довеле до злоставување деца

Од:

Поранешниот надбискуп на Минхен, кардиналот Фридрих Ветер, денеска се извини за погрешните одлуки во врска со вработувањето на свештеник кој веќе бил осуден за педофилија, во скандалот што ја потресе Католичката црква и во кој е именуван и поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти.

„Овој свештеник не требаше повторно да биде примен во пастирската служба и искрено ми е жал поради тоа“, се наведува во соопштението на надбискупијата на Минхен и Фрајсунг, издадено во името на кардиналот Фридрих Ветер, кој служеше како надбискуп од 1982 до 2008 година.

Истовремено надбискупот ја негираше својата одговорност за натамошните случаи на погрешни оценки на Католичката црква кон случаите на злоставување малолетници, се додава во соопштението.

Кардиналот Ветер се извини за случајот со свештеникот кој бил префрлен од една црковна заедница во друга и покрај тоа што бил осуден за сексуална злоупотреба и му била дозволена пасторална служба. Сексуалното злоставување го повторил и на новата позиција.

Минатата недела беше издаден експертски извештај, изготвен на барање на наследникот на Ветер, кардиналот Рајнхард Маркс, во кој се наведе дека Ветер „згрешил“ во 21 случај на злоупотреба на деца. Конкретно, поранешниот надбискуп е обвинет дека не реагирал или не реагирал доволно на случаите на малолетничка злоупотреба.

Во вештачењето се зборува за вкупно 497 жртви на сексуална злоупотреба на малолетници во Минхенската надбискупија по 1945 година.

И актуелниот надбискуп, кардинал Рајнхард Маркс, исто така е именуван во извештајот како одговорен за непреземање соодветни мерки во врска со два случаи на сексуална злоупотреба.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски