Поранешната претседателка на Киргистан, Роза Отунбаева, ќе ја предводи мисијата на ОН во Авганистан

Од:

Поранешната претседателка на Киргистан, Роза Отунбаева, е назначена за специјален пратеник на ОН во Авганистан, соопшти синоќа кабинетот на генералниот секретар Антонио Гутереш, пренесоа американските медиуми.

Отунбаева ја презема функцијата од Канаѓанкат,а Дебора Лајнс, како шеф на политичката мисија на ОН во Авганистан, позната како УНАМА. Киргистанката ќе ги води хуманитарните операции на ОН и ќе биде во контакт со талибанските власти во Авганистан.

Генералниот секретар на ОН изјави дека Отунбаева зад себе има 35-годишно искуство како лидер, дипломат, граѓански активист и актер на меѓународна соработка. Таа беше претседател на Киргистан во текот на 2010 и 2011 година, трипати министер за надворешни работи, вицепремиер, член на парламентот, како и амбасадор на нејзината земја во Вашингтон и Лондон.

Роза Отунбаева моментално е членка на Високиот консултативен совет за медијација на Генералниот секретар на ОН и раководи со фондација во нејзината матична земја.

Шефот на хуманитарните операции на ОН, Мартин Грифитс, во понеделникот изјави дека Авганистан е заглавен во хуманитарна, економска, климатска и финансиска криза. Според него, шест милиони луѓе се соочуваат со акутен недостиг на храна.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он