Поранешната јужнокорејска претседателка Парк заработи уште осум години затвор

Од:

Главниот окружен суд на Сеул денеска ја осуди поранешната јужнокорејска претседателка Парк Гуен-хје на уште осум години затвор, откако ја прогласи за виновна по обвиненијата за злоупотреба на владини фондови и за мешање во парламентарните избори во 2016 година.

Друг јужнокорејски суд во април годинава веќе ја осуди Парк на 24 години затвор врз основа на неколку обвиненија кои вклучуваа примање мито, злоупотреба на службена позиција и вршење присила.

Со денешната пресуда Парк е обвинета дека заедно со своите соработници му нанела штети на владиниот фонд на разузнавачката служба од вкупно 30 милијарди вони (22,72 милиони евра).

Покрај ова, 66-годишната Парк е прогласена и за виновна поради мешање при изборот на кандидати за пратеници на нејзината тогаш владејачка конзерватива Партија на слободна Кореја за парламентарните избори пред две години.

Парк, кој од своја страна ги отфрла сите обвинувања за незаконски активности, не присуствуваше на денешното изрекување на пресудата.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски