Поранешен службеник на ЦИА дал информација на медиумите за тајните програми на Владата

Од:

Поранешен техничар во ЦИА, 29-годишниот Едвард Сноуден, кој самиот обелодени дека е изворот на информацијата за тајните програми на Владата за следење на комуникациите, која се појави во медиумите, избега во Хонгконг.

Тој изјави дека дејствувал од патриотски причини.

Британскиот весник „Гардијан“ објави на својата Интернет страница 12-минутно интервју со Сноуден, дадено од Хонгконг, каде што се наоѓа од 20 мај.

Тој самиот барал да се идентификува како извор на информацијата за тајната програма на Владата, според која се следени телефонски и Интернет комуникации со директен пристап до серверите на најмалку девет од најголемите Интернет компании како Гугл, Фејсбук, Скајп и Јутјуб.

Во интервјуза „Гардијан“, Сноуден рече дека работел во Хаваи за консултанстката фирма „Буз Ален Хамилтон“ (Booz Allen Hamilton) како аналитичар на инфраструктурата за Агенцијата за национална безбедност (НСА).

Тој одлучил да ги открие во медиумите информациите за следење на комуникациите, затоа што шефовите не обрнувале внимание на неговите предупредувања за нарушување на правото на приватност од страна на НСА, при набљудување на комункациите на приватни лица.

Сноуден го открил својот идентитет, затоа што смета дека треба да ги објасни мотивите на јавноста. – Единствена цел ми е да ги информирам луѓето за она, што се прави од нивно име и се прави против нив. Општеството треба да реши дали тие нешта се правилни или погрешни, додаде тој.

Поранешниот техничар во ЦИА го избрал Хонгконг, каде отседнал во луксузен хотел, поради „силната традиција на слободата говорот“.

Тој за „Вашингтон пост“ изјави дека нема намера да се враќа во САД и ќе побара „азил од секоја земја, која верува во слободата на говорот“.

Компанијата „Буз Ален Хамилтон“ изјави дека Едуард Сноуден бил нејзин службеник помалку од три месеци.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија