Поранешниот разузнавач Дејвид Груш, кој ја водеше анализата на „необјаснети аномални појави“ во Министерството за одбрана на САД, тврди дека САД поседуваат авиони од нечовечко потекло.
Џонатан Греј, американски службеник во Националниот центар за воздушно и вселенско разузнавање, го потврди постоењето на егзотичниот материјал, додавајќи: „Ние не сме сами“.
Во 2021 година, Пентагон објави извештај за НЛО во кој се наведува дека биле пријавени повеќе од 140 случаи на необјаснети објекти.
Извештајот беше објавен по протекувањето на воени снимки на кои се прикажани навидум необјасниви настани на небото, додека пилотите на морнарицата сведочеа дека имале чести средби со необични авиони во близина на американскиот брег.
Груш рече дека американската влада складира делови, а во некои случаи и цели авиони, со децении. Анализата утврдила дека материјалот од кој се направени е од егзотично потекло, што укажува на нечовечка интелигенција, било вонземска или од непознато потекло.
Сепак, тоа не е се, Гурш тврди дека мртвите пилоти вонземјани повремено биле извлекувани од остатоците, пренесува Дејли Меил.
„Кога истражувате нешто што слетало или паднало, понекогаш наидувате на мртви пилоти. Колку и да звучи неверојатно, тоа е вистина“, рече тој.
Иако самиот никогаш не видел вакво летало, разговарал со пилоти кои одлучиле и сега јавно да проговорат за се.