Поранешен конзервативен министер бара Велика Британија да ја напушти ЕУ

Од:

Поранешниот британски министер Овен Патерсон денеска побара Велика Британија да ја напушти ЕУ, а потоа со остатокот на Унијата да отпочне преговори за слободна трговија.

Патерсон вели дека Велика Британија веќе „примила порака дека може да си оди ако сака“, уште пред и да почне да преговара со Брисел, пред планираниот референдум за останување или напуштање на ЕУ.

Британскиот премиер Дејвид Камерон е под силен притисок да воведе ограничувања, како и определи квота за имигрантите од ЕУ, како мерка за спречување на т.н. „социјален туризам“ на што остро се спротивставуваат Брисел и другите во Унијата, а посебно Германија.

Британската тинк-танк организација „Отворена Европа“ смета дека двете страни тешко ќе може да обезбедат компромис во евентуалните преговори и сугерира Велика Британија да воведе укинување на бенифициите за вработените од земјите на ЕУ.

Патерсон, кој зборуваше на еден евроскептичен бизнс форум во Лондон, му сугерира на Камерон да даде службена изјава во вид на посебен манифест, повикувајќи се на член 50 од Лисабонската спогодба, за тоа дека Велика Британија се повлекува од членството во Унијата.

Според поранешниот министер, тоа ќе и даде на земјата период од две години за преговори со Брисел, во кои Британците би имале посилни позиции пред референдумот до крајот на 2017 година.

Даунинг стрит 10 одби да ги коментира изјавите на Патерсон, додека заменик премиерот Ник Клег, лидер на коалициониот партнер во Владата, либерледемократите, го оцени ваквиот предлог како „спектакуларен автогол“.

Лидерот на опозициските лабуристи Ед Милибанд искажувањето на Патерсон го нарече „месечарење“ и го обвини Камерон дека самиот е виновен за ваквата ситуација, со распалувањето на евроскептицизмот во редовите на неговата партија.

Овен Патерсон беше министер во Владата се до јули оваа година, кога беше сменет со последната реконструкција на премиерот Камерон.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он