Поранешен израелски министер осуден на 11 години затвор поради шпионажа во полза на Иран

Од:

Поранешен израелски министер денеска е осуден на 11 години затвор за шпионажа во полза на најголемиот непријател на неговата земја, Иран, откако се договори да ја признае вината, соопшти обвинител во неговиот случај.

Гонен Сегев, кој беше министер за енергетика и инфраструктура од 1995 до 1996 година, склучи договор со обвинителите да се изјасни за виновен за обвинението за шпионажа, наместо многу потешкото обвинение за проследување информации до непријател.

Рочиштата се одржуваа во тајност поради чувствителната природа на случајот.

Обвинителката Геула Коен за медиумите потврди дека судијата ја прифатил спогодбата и оти ја соопштил казната.

Сегев беше дел од лабуристичката Влада на поранешниот премиер Јицак Рабин откако премина во нејзините редови од екстремната десница за да даде решавачки глас во корист на вториот мировен договор со Палестинците во Осло.

Тој и претходно служеше затворски казни откако беше осуден за кривични дела.

Во 2004 година беше обвинет дека се обидел да прошверцува 30.000 таблети екстази од Холандија во Израел, користејќи дипломатски пасош со фалсификуван датум на истекување.

Една година потоа, тој ги призна обвиненијата во рамките на спогодба за вина.

Сегев, исто така, беше осуден за обид за злоупотреба на кредитни картички.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави