Поранешен директор на модна компанија од САД е уапсен поради меѓународна проституција

Од:

Поранешниот извршен директор на модната компанија „Аберкромби и Фич“ Мајк Џефрис, заедно со уште двајца мажи, е уапсен под обвинение за трговија со луѓе и меѓународна проституција.

Обвинението има 16 точки и е објавено денес, десет години откако Џефрис ја напушти компанијата што ја водеше 22 години, објави Би-Би-Си.

Според истрагата, која беше покрената по анализа на Би-Би-Си и колективна тужба, Џефрис и неговите соработници намамале млади мажи со лажни ветувања за работа во моделирање, за да ги однесат на патувања каде сексуално ги злоставувале.

Американскиот обвинител Брион Пис истакна дека обвинетите во подолг временски период сексуално злоставувале млади луѓе во потрага по кариера во областа на модата и забавата.

„Овој случај треба да послужи како предупредување за секој што мисли дека може да ги искористува другите“, рече Пис на прес-конференција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриена е криминална група за посредување во проституција и илегална трговија со дрога

Горан Наумовски

Во Србија: Мајка ја принудувала малолетната ќерка на проституција

Тинејџери во Германија организирале проституција, подведувале пет 14-годишни девојчиња и едно момче

А1он

Јунајтед Груп постигна договор за продажба на својата мобилна инфраструктура на компанијата Тавал

Елитна проституција откриена во популарно кафуле

Макроата во Германија ги врбуваат украинките кои избегаа од војната

Катерина Ѓуровски