Поранешен британски војник загина во борбите кај Северодонецк

Од:

Поранешен британски војник е убиен борејќи се во Украина, соопшти неговото семејство.

Како што пренесува Би-Би-Си, Џордан Гетли, кој ја напуштил британската армија во март, загинал во битката за источниот град Северодонецк каде последниве денови се водат интензивни борби.

Тој е вториот Британец кој загина во борби во Украина, откако Скот Сибли го загуби животот во април.

Во објава на Фејсбук, неговиот татко Дин рече дека Џордан отишол да се приклучи на отпорот на руската инвазија врз Украина и помогнал во обуката на локалните сили. Тој рече дека Џордан загинал на фронтот бранејќи го Северодонецк.

– Тој навистина беше херој и засекогаш ќе биде во нашите срца, напиша Дин Гетли.

Би можело да ве интересира

Oблачно со услови за дожд

Здружението „Лесја Украинка“ со марш во центарот на Скопје ја опдбележа третата годишнина од руската инвазија врз Украина

ВИДЕО: „Три години херојски отпор“, Зеленски објави порака на годишнината од војната

ВИДЕО: Нападната рафинерија во Русија, предизвикан пожар

Русија не ја прифаќа идејата на САД за брз прекин на војната

ВИДЕО: Пред точно три години Путин ја почна војната против Украина, светот влезе во нова ера