Поранешен британски премиер осомничен за сексуално насилство врз деца

Од:

Поранешниот британски премиер Едвард Тед Хит, е осомничен за педофилија и за сексуално насилство врз машки деца.

Случајот се појави во јавноста, откако еден сега 65-годишен маж признал дека бил силуван од Хит, во времето кога тој бил пратеник на Конзервативаната партија.

Инцидентот се случил во 1961 година, кога човекот имал само 12 години. За него се знае дека побегнал од дома и од своите родители, како и дека бил силуван од Хит во неговиот стан, во центарот на Лондон.

За тоа што се случило знаел само еден социјален работник кој го прекорувал момчето за инцидентот.

Сомневањата за педофилијата на Хит, полицијата, претходно, ги разбрала од еден „дошепнувач“ кој им раскажал на полициските власти дека биле прикривани однесувањето и криминалните склоности на угледниот британски политичар и премиер.

Според лондонските весници, информаторот е пензиониран висок полициски функционер, во чија чесност, никој не се сомнева. Тој раскажал дека инцидентот со Хит еднаш бил испитуван, дека едно лице било притворено, но никој и никогаш не направел претрес на неговиот стан, ниту пак било одржано судење, само за да се премолчи она што се случило и за да се заштити угледот на Хит.

Случајот со педофилската склоност на поранешниот лидер на ториевците и премиер, се појави по силниот притиск во британската јавност и од медиумите, за да се истражат сомневањата дека полицијата ги прикривала ваквите инциденти и дека ги игнорирала обвинувањата за силувањата на деца, што во 60-те и 70-те години на 20-от век ги направиле познати политичари и јавни личности.

Висок полициски функционер, снимен пред куќата во која живееше и почина Хит, пред десет години, синоќа преку телевизијата ги повика сите жртви, повеќе „да не страдаат во своето молчење„ доколку навистина биле сексулано нападнати, или силувани од поранешниот премиер, да раскажаат за тоа на полицијата.

Лондонската Метрополитен полиција, сега трага по докази за обвинувањата против Хит, а полициски извори изјавиле за весниците дека сите откритија на „дошепнувачот“ се точни.

Едвард Тед Хит беше британски премиер од 1970 до 1974 година. Претходно тој беше министер и уголеден ториевски пратеник.

Тој е единствениот премиер по Втората светска јавност што не беше женет и живееше сам во Даунинг стрит 10. Неговата кариера постојано беше следена од гласините за неговата хомосексуалсност, но тоа не беше јавно откриена, па Хит почина како еден од најугледните британски премиери.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он