Поранешен банкар стави пет милиони долари во обложувалница на победа на Трамп

Од:

Букмејкери прифатиле облог од пет милиони долари на победа на Трамп на претседателските избори, за кои се верува дека е најголемиот политички облог во историјата.

Поранешен банкар користел приватни обложувалници регистрирани на карипскиот остров Курасао за облог од 37/20 (коефициент 2,85) – што значи дека би можел да добие нешто помалку од 15 милиони долари доколку Трамп биде избран за втор претседателски мандат, изјавија извори за британски „Сан“.

Мистериозниот обложувач самоуверено влегол во овој огромен облог откако се консултирал со „упатените од таборот на Трамп“, истакнува весникот.

– Сметаме дека ова е најголемиот облог што некогаш е направен за политички настан, изјави извор од букмејкери. Во изминатите четири часа 71 отсто од облозите се за победа на Трамп, објавија од сајтот Oddscheker.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари