Порака од Русија: Во моментов нема потреба Путин да се сретне со Трамп

Од:

Можно е брзо да се организира средба меѓу претседателите на Русија и Соединетите Американски Држави, Владимир Путин и Доналд Трамп, но во моментов нема потреба за тоа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Хипотетички кажано, можно е, но во моментов нема потреба за тоа“, рече Песков и оцени дека сега е потребна макотрпна работа на украинското решение, објави ТАСС утрово.

Претседателите на Русија и САД се согласија да се сретнат во Будимпешта и да започнат подготовки за средбата по разговорите на 16 октомври, потсетува ТАСС, додавајќи дека на 23 октомври Трамп неочекувано го објави одложувањето на самитот на неодредено време, тврдејќи дека нема да може да го постигне „она што е потребно“ до закажаните датуми.

Би можело да ве интересира

Путин – Ердоган: Интензивните борби на Блискиот Исток носат ризици што ги надминуваат границите на регионот

А1он

Трамп: Лесно можеме да го отвориме Ормутскиот теснец

А1он

ВИДЕО: Четворица астронаути тргнаа на пат кон Месечината

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Голем ракетен напад на Иран врз Израел

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Иран: Трамп лаже, не бараме прекин на огнот