Порака од Иран до Трамп: „Лажеш дека сме барале да дојдеме во Белата куќа, ќе одговориме со иста мерка“

Од:

Мисијата на Исламската Република Иран во Обединетите нации ги негираше тврдењата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, дека Техеран се обратил до Вашингтон со цел да започне преговори.

„Ниту еден ирански функционер никогаш не побарал да клекне пред портите на Белата куќа“, се вели во писменото соопштение.

Тие додадоа дека „единственото нешто што е поодвратно од неговите лаги е кукавичката закана за „соборување“ на врховниот лидер на Иран“.

„Иран НЕ преговара под притисок, НЕ прифаќа мир под уцена, а секако НЕ со военоподбуцнувач кој очајно се држи до важноста. Иран ќе одговори на секоја закана со контра-закана, а на секоја акција ќе одговори со иста мерка“, соопшти иранската мисија во ОН.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека „иранските преговарачи предложиле да дојдат во Белата куќа.

Тој тврди дека Иран „се обратил“ и сака да разговара, но изрази сомнежи за успехот на преговорите, велејќи дека „не знае колку долго ќе трае конфликтот“.

Во кратко обраќање до јавноста, Трамп рече дека Иран има „многу проблеми“ и додаде дека сè уште не е донесена одлука дали САД ќе му се придружат на Израел во евентуални воздушни напади врз Иран.

Кога новинар го праша за изјавата на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој рече дека Иран „никогаш нема да се предаде“ во конфликтот со Израел, Трамп кратко рече:

„Велам – среќно“, пренесува CNN.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Новиот бран царини на Трамп предизвика неизвесност на глобалните берзи

(ВИДЕО) Илјадници луѓе протестираа во Израел: Вратите ги заложниците, ароганцијата донесе катастрофа

Катерина Ѓуровски

Трамп: Испраќаме ракети „Патриот“ во Украина

Израел ги повика САД да продолжат со нападите врз Хутите во Јемен

УНИЦЕФ: Едногодишно момче убиено во израелски напад врз клиника во Газа

Трамп: Царини од 35 отсто за Канада, 50 отсто за Бразил, следна е ЕУ

Горан Наумовски