Ормутскиот теснец е комплетно под наша контрола и не е предмет на преговори, порача Иран

Од:

Заменик-претседателот на иранскиот парламент, Хаџи Бабаеи, изјави дека Ормускиот теснец е „целосно“ под иранска контрола и дека за премин мора да се плати во иранска валута, ријал, објави новинската агенција Мехр.

Бабаеи нагласи дека планот за Ормускиот теснец има едногласна поддршка од 250 пратеници, објави „Гардијан“. „Според одлуката на раководството, овој стратешки воден пат не е предмет на преговори под никакви околности“, рече тој.

„И покрај санкциите, извозот на нафта од Иран надмина 1,6 милиони барели, а денес е практично невозможно да се санкционира нафтата на нашата земја. Иранскиот народ нема да отстапи од своите барања ниту за сантиметар“, рече тој.

Отворањето на теснецот, низ кој минуваат една петтина од светските залихи на нафта, е главното барање на Соединетите Американски Држави за крај на конфликтот и е клучен дел од условното двонеделно примирје договорено со Иран минатата недела. Речиси целосното затворање на теснецот ги зголеми цените на горивата, заканувајќи се да им наштети на изборните изгледи на републиканците на општите избори во ноември.

Американските воени претставници во саботата изјавија дека нивните сили „почнале да создаваат услови за расчистување на мините во теснецот“. Се вели дека два разорувачи со водени ракети на американската морнарица спроведуваат операции во областа. Иран, кој го затвори теснецот како одговор на американско-израелскиот напад на 28 февруари, негираше дека двата брода поминале низ областа.

Би можело да ве интересира

Тензиите растат: Иран порача дека нема да ja шири војната, Трамп се закани со жесток удар

Горан Наумовски

Украина во последен момент се спаси од ирански напад

Израел: Иран и натаму крие центрифуги, нуклеарната програма не е целосно уништена

Горан Наумовски

Иран погуби двајца мажи кои беа обвинети за шпионажа

Саудиска Арабија спречи нова ескалација меѓу САД и Иран

Нови тензии покрај брегот на Оман