Поради руската закана, Швеѓаните масовно се пријавуваат за воени резервисти

Од:

ШВЕДСКА ја трансформира својата резервна Национална гарда од единица која многумина практично ја сметаа за хоби во борбена сила која стана толку привлечна за младите Швеѓани што доведе до тоа да мора да ги одбива апликантите.

Причина? Руската инвазија на Украина и растечкото верување дека Шведска мора да се подготви за војна. Ова, како што пишува Политико, е огромна промена во однос на последните неколку децении во кои Националната гарда – која имаше околу 23.000 пријавени лица и служеше како резера на професионалната армија – падна во немилост по крајот на Студената војна.

Националната гарда се сметаше за домен на претежно средовечни граѓани, од кои многумина не ги сфаќаа премногу сериозно своите должности. Во 2001 година, владиниот извештај забележа тревога во вооружените сили поради падот на бројот на членовите на Националната гарда.

Неколку години по распадот на Советскиот Сојуз, владата го укина речиси автоматското запишување во Националната гарда за луѓето кои ја завршиле својата воена служба. Суспендирањето на воената обврска во 2010 година беше уште еден удар за Гардата. Но, илегалната руска анексија на Крим во 2014 година и напорите за започнување на сепаратистичка војна во источна Украина поттикнаа широк опсег на преглед на безбедносните прашања низ Европа.

Во текот на изминатата деценија, Националната гарда претрпе низа реформи кои подобро ја поврзаа со другите гранки на војската. Наместо оружјето што претходно го користеа професионалните армиски единици, гардистите сега добиваат ново оружје.

Сепак, до пред две години, регрутирањето беше слабо, а повеќето единици на Националната гарда не ги завршија задолжителните денови на служба. Во 2020 година, 20.000 луѓе се пријавија за Гардата, што е огромен пад од околу 120.000 во средината на 1980-тите.

Сето тоа се промени со руската инвазија на Украина во 2022 година. Таа година, 29.101 Швеѓанец се пријави да служат во Националната гарда, што е за 619 отсто повеќе од просечната година. Шведските помошни организации за одбрана, исто така, забележаа зголемување на апликациите за членство.

Во првите две недели од војната, 640 луѓе се приклучија на Лотас, женска група која обезбедува логистичка поддршка на армијата. Тоа е приближно бројот на нови членови што Лотас обично ги добива во текот на годината. До крајот на 2022 година, друга подружница, Шведската федерација за доброволно одбранбено образование и обука доби 3.795 нови членови – повеќе од само 46 претходната година.

Организацијата која обучува возачи за должности во пошироката одбрана на земјата, во меѓувреме го удвои бројот на нови членови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски