Поради пожарите во Калифорнија евакуирани 200 илјади луѓе

Од:

Поради четирите големи пожари кои што беснеат на потегот од Лос Анџелес до Вентура во Калифорнија, наредена е евакуација на околу 200 илјади луѓе.

Пожарите зафаќаат се поголема површина, а досега уништија околу 150 куќи. Автопатот меѓу Лос Анџелес и Вентура е затворен поради пожарот кој што ја зафаќата трасата над него, а наредена е евакуција и на областа Санта Барбара.

Во текот на ноќта, намалувањето на брзината на ветерот им овозможи на пожарникарите успешно да го одбранат одморалиштето Охајо, каде што 7 илјади жители добија наредби да се евакуираат.

Националната метеоролошка служба соопшти дека се очекува опасен налет на ветер, но дека пожарите нема да достигнат историски пропорции, како што претходно се очекуваше.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД