Властите на Порторико денеска започнаа евакуација на жителите на два града поради оштетувањата на браната „Гуахатака“, предизвикани при налетот на ураганот Марија на овој карипски остров.
Во соопштението на властите се наведува дека состојбата со браната е „екстремнно опасна“ и се апелира да жителите на двата града да се евакураат што е можно побрзо.
Националната метероролошка служба соопшти дека браната „попушта“ во северниот дел на езерото Гуахатака и дека има напливи на големи количества вода долж долниот тек.