Поради опасниот вирус МЕРС Тајланд прогласи тревога

Од:

Министерството за здравство на Тајланд денеска прогласи тревога на национално ниво за заштите од ширење на опасниот вирус МЕРС што во минатиот понеделник во оваа држава го донесе 75 годишен бизнисмен од Оман. Министерот за здравство Раџата Раџатанавин денеска соопшти дека на листата на сомнителни случаи, кои имале директен контакт со заболениот има 141 лице, од кои најголем број се ставени во карантин.

За да се избегне лошото искуство од Јужна Кореја, каде што поради закаснета реакција до сега, од мај наваму, има 166 инфицирани лица со вирусот МЕРС, од кои 24 починаа, Тајланд побара и помош од Светската здравствена организација. Експрети на СЗО веќе се во Тајланд и ќе помагаат во организацијата на превентивата од ширење на болеста.

До сега за инфекцијата со вирусот МЕРС, познат кај нас како Нилска треска, во светот починале 440 лица, најголем дел од нив во Саудиска Арабија, каде што смртоносниот вирус се појави во 2.012 година. Не е откриен ефикасен лек против вирусот кој, како што беше утврдено во Јужна Кореја, е фатален за хронично болни, но и за здрави луѓе.

Би можело да ве интересира

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач

ВИДЕО: Русин скокна во смрт од храм на Тајланд

Жена на аеродромот во Бангкок се заглави на подвижна лента, на лице место и отсекоа нога