Популарноста на Макрон се намалува, а на Филип се зголемува

Од:

Рејтингот на францускиот претседател Емануел Макрон е намален за три поени во текот на еден месец, а оној на премиерот Едуард Филип е зголемен за два поени, според истражувањето на Ифоп за „Журнал ди диманш“.

Според испитувањето направено по излегувањето од мерките на изолација, 39 отсто од Французите велат дека се задоволни од Претседателот на Републиката (34 отсто „донекаде задоволни“, 5 отсто „многу задоволни“), наспроти 42 отсто на крајот на април. Притоа 60 отсто од Французите велат дека се „незадоволни“ (31 отсто „донекаде незадоволни“, 29 отсто „многу незадоволни“) од Емануел Макрон како претседател на Републиката, односно три поени повеќе незадоволни во споредба со април, кога незадоволните беа 57 отсто.

Рејтингот на на шефот на француската држава забележа скок од 11 поени на крајот од март (задоволни беа 43 отсто од испитаните), што е веројатна последица од кризата со коронавирусот.

За премиерот Едуар Филип 46 отсто од испитаните имаат поволно мислења (38 отсто од „малку задоволни“, 8 отсто „многу задоволни“), во споредба со 44 отсто пред еден месец. Неговата оценка на популарност го одржува нагорниот тренд забележан од почетокот на епидемијата.

Сепак 52 отсто од испитаните Французи велат дека од Едуард Филип како премиер се „незадоволни“ (31 отсто „донекаде незадоволни“, 21 отсто „многу незадоволни“)

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано