Попокатепетл предизвкува проблеми во авиосообраќајот

Од:

Пет амeрикански авиокомпании ги откажаа или пренасочија летовите на своите авиони од и кон Мексико Сити, поради зголеменото количество на пепел кое излегува од кратерот на вулканот Попокатепетл, кој се наоѓа на 65 километри од аеродромот во мексиканскиот главен град.

Аеродромот во Мексико Сити соопшти дека авикомпаниите „Ју-Ес Ервејз“, „Делта“, „Јунајтед Ервејз“, „Американ Ервејз“ и „Аљаска Ерлајнс“ откажале 47 свои летови поради превентивнипричини.

Во соопштението се посочува дека аеродромот работи нормално, бидејќи пепелта од вулканот не доаѓа до него.

Попокатепетл е втор по големина вулкан во Мексико, висок 5.452 метри. Вулканот почна да манифестира засилена активност уште во текот на мај, а во последниве 24 часа од неговиот кратер почнаа да излегуваат пепел и вжештени камења.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

Силен земјотрес го погоди најголемиот активен вулкан на светот

А1он

(ВИДЕО) Нова ерупција на вулкан на Исланд, по патиштата се излева лава

Горан Наумовски