Попокатепетл исфрли густ облак од пепел

Од:

Вулканот Попокатепетл вчера исфрли густ облак од пепел, над сојузната мексиканска држава Пуебл.

Националниот центар за спречување на катастрофи, соопшти дека исфрлениот пепел достигнал висина од 400 метри над кратерот, по што ветерот го однел североисточно во спротивен правец од градот Мексико, кој е одалечен околу 45 километри.

Вулканот е висок 5.450 метри, повремено исфрла пепел, пареа но и вжештени камења, а последната ерупција се случила 1947 година.

Во последните дваесет години , населението од таа област неколку пати било евакуирано, поради активности на вулканот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

Силен земјотрес го погоди најголемиот активен вулкан на светот

А1он

(ВИДЕО) Нова ерупција на вулкан на Исланд, по патиштата се излева лава

Горан Наумовски