Поплави и во Швајцарија

Од:

Силниот дожд и град вчера вечер го зафатија западниот дел на Швајцарија и предизвикаа поплави кои ги блокираа патиштата и железниците, соопшти полицијата. Во поплавите за среќа нема повредени, а десетина лица се евакуирани пренесе „Франс прес“.

Швајцарија до сега беше поштедена од хаосот што го предизвикаа поплавите кои ја погодија централна Европа, но околу 18 часот по средноевропско време силниот дожд ги зафати западните кантони Во и Фрибург, соопшти локалната полиција.

Реката Мерин се изли од своето корито и го поплави стариот град Мудор, подруми на неколку куќи, а 13 лица се евакуирани од безбедносни причини.

Околу 140 припадници на спасувачките екипи, полицајци и службеници од цивилната заштита се наоѓаат во градот Во, поради поплавите. Во соседниот кантон Фрибург најмалку шест села се погодени од поплавите.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Големи поплави зафатија делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

(ВИДЕО) Силно невреме во Грција: На неколку места е прогласена вонредна состојба

Горан Наумовски

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите