Понта: Романија не се плаши од Русија

Од:

Премиерот Виктор Понта ја поздрави реакцијата на НАТО на агресивниот став на руското МНР во врска со Романија, соопшти Владата во Букурешт.

– Романија е доверлив партнер на НАТО и нема да се уплаши поради агресивната изјава на руската дипломатија. Романија ги осудува агресивните акции на Руската федерација во Украина, наведуваат од Кабиентот на премиерот.

Понта вели дека Романија ја поздравува одлучноста на НАТО за „подготвеност на Алијансата да ги заштити своите членки од каква било форма на агресија“.

Изјавата на Понта е реакција на портпаролот на МНР на Русија, Александар Лукашевич кој рече дека Русија ги осудува јакнењето на силата на НАТО во Романија бидејќи со тоа Букурешт „жртвува регионална стабилност“ и тоа за „љубов на стратези од други делови од светот“. Тој додаде дека „е евидентно дека Русија не е никаква закана за Романија или друга држава“.

Лукашевич пред неколку дена зборуваше за тоа дека Романија треба да биде свесна за својата одговорност и „последиците“ од проширувањето на силите на НАТО на нејзина територија, оценувајќи ги како „опасни“ акциите на Алијансата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Украинците нападнаа пазар, има мртви и ранети

(ВИДЕО) Русите ги изненадија Украинците користејќи гасовод за да ги „протнат“ војниците

Нов руски напад во Украина, најмалку 20 загинати, меѓу повредените има и деца

„Нема да не спречат да ја постигнеме нашата цел во Украина“: Русија одговори на заканите од Трамп со санкции