Понта: Оние кои бараат солидарност со бегалците се истите кои велат дека не сме добри за Шенген

Од:

Романскиот премиер Виктор Понта тврди дека Романија „не може да преземе нешто за кое не е подготвена“ и дека оние кои сега бараат Романците да бидат солидарни во бегалската криза „се истите кои ни кажуваат дека не сме добри за Шенген“, соопштија романските медиуми.

„Романија има координирана позиција во врска со бегалската криза, но тоа не е обичен проблем. Продолжуваме да го разгледуваме, но ако зборуваме со многу гласови тогаш тој ќе биде толку полош. Важно е нашата земја да не западне во ксенофобија. Романија сака да биде европска земја – да применува некои европски вредности. Не можеме да преземеме нешто за кое не сме подготвени. Ја немаме оваа можност. Но позицијата на Романија не се формира со шенгенското прашање. Оние кои од нас сега бараат да бидеме солидарни се истите кои ни велат дека не сме добри за Шенген. Тоа е малку лицемерно“, во текот на викендот на својот профил на Фејсбук напиша романскиот премиер Виктор Понта

Европската комисија минатата недела го претстави својот прелог-план за раселување на 120.000 мигранти во земјите членки на ЕУ, кои пристигнаа во Италија (15.600), Грција (50.400) и Унгарија (54.000).

Според предлог планот, Романија треба да прими 4.646 мигранти, од кои 604 од Италија, 1.951 од Грција и 2.091 од Унгарија. Тие се придодаваат кон оние 40.000 мигранти од Грција и Италија кои во мај беа предложени од Европската комисија. Во мај ЕК и предложи на Романија да прими 1.705 мигранти, од кои 682 лица од Грција и 1.023 од Италија.

Романскиот претседател Клаус Јоханис и премиерот Виктор Понта изјавија дека Романија не може да прифати повеќе од својот капацитет од 1.785 места. Неделава ќе има седница на Врховниот совет за национална одбрана, на која ќе се разгкеда ситуацијата со бегалските квоти.

Шефот на државата минатата недела изјави дека со незадоволство се запознал со планот претставен од ЕК, и дека мандатот на Романија на Советот на ЕУ за правосудство и внатрешни работи ќе биде да не прима задолжителни квоти бегалци.

Според Јоханис, тоа не е умесно и не е решение. Тој кажа дека прашањето го разгледал заедно со министерот за внатрешни работи Габриел Опра, кој ќе учествува на денешната средба во Брисел, а неговиот мандат е да соопшти дека Романија не се согласува со задолжителните квоти.

Според Клаус Јоханис, задолжителните квоти се „пресметани на многу бирократски начин“, без консултации и нема да го решат миграцискиот проблем.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто