Помпео: САД се длабоко загрижени по заклучоците дека Навални бил отруен

Од:

САД се длабоко загрижени од извештаите за прелиминарните заклучоци на медицински експерти од Германија дека рускиот опозициски активист Алексеј Навални е отруен, сооопшти синоќа американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Ако се потврди дека извештаите се точни, САД го поддржуваат повикот на ЕУ за продлабочена истрага и се подготвени да помогнат во таквите напори, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

– Семејството на Навални и рускиот народ заслужуваат да видат спроведување темелна и транспарентна истрага, а инволвираните да бидат ставени пред лицето на правдата. Нашите мисли се со семејството на Навални и се надеваме на негово целосно закрепнување, соопшти Помпео.

Навални, познат руски антикорупционер и опозициски лидер, минатата недела беше ставен во индуцирана кома откако му се слоши на лет од Томск во Москва. Авионот принудно слета во Омск. Докторите од омската болница извршија првични анализи и утврдија труење со неутврдена нервно-паралитичка супстанца што предизвикува парализа на мускулите, главоболки и халуцинации.

Се проценува дека реакциите на пилотот и лекарите од итната помош во болницата, кои веднаш употребиле противотров антропин, биле критични за спасување на животот на Навални. Во саботата наутро Навални со авион беше однесен во берлинската клиника „Шарите“ на понатамошно лекување.

Американскиот амбасадор во Москва, Џон Суливан претходно изјави дека труењето на Навални е критичен момент за Русија и многу сериозен настан за САД.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски