Помпео: САД може да ја снабдуваат Белорусија со нафта и гас

Од:

Соединетите Американски Држави се подготвени целосно да ја снабдуваат Белорусија со енергетски ресурси по конкурентни цени, изјави денеска во Минск државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

Нашите производители на енергија се подготвени да испорачаат 100 проценти од потребната нафта по конкурентни цени.

Ние сме најголемиот производител на енергија во светот и се што треба да направите е да не повикате, рече Помпео по средбата со белорускиот претседател Александар Лукашенко и министерот за надворешни работи Владимир Макеј.

Помпео е првиот државен секретар на САД кој ја посетил Белорусија во последните 25 години, во време на напнати односи меѓу Минск и Москва поради енергетски прашања.

На состанокот со Лукашенско тој изрази надеж дека ќе помогне да и се даде можност на Белорусија да ги оствари „суверенитетот и независноста“ кон кои тежнее.

САД сакаат да и помогнат на Белорусија да изгради своја суверена држава, рече Помпео на заедничката прес-конференција со Макеј.

Белорусија и Русија не успеаја да постигнат договор за снабдување со нафта за оваа година, поради што Русија ги прекина испораките на белоруските рафинерии, иако делумно ги обнови на 4 јануари.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД