Помпео пристигна во Катар на средба со лидерите на талибанците

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео вечерва пристигна во Доха, престолнината на Катар, за првпат да се сретне со лидерите на талибанците, на три недели по потпишувањето на историскиот мировен  договор, што веќе е доведен во опасност,  јавија француските медиуми.

Државниот секретар „ќе се сретне со претставниците на талибанците, вклучувајќи го и нивниот главен преговарач Мула Барадар, за да ги повика да продолжат да го почитуваат договорот, што токму во Доха беше потпишан минатиот месец“, изјави портпаролот на Помпео.

Помпео претходно денеска имаше изненадувачка посета на Кабул каде се обиде да изврши притисок врз авганистанските политички лидери да да ги надминат своите разлики и да состават влада на единството, способна да почне мировни преговори со талибанците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Катар им го предаде на Хамас и на Израел конечниот „нацрт“ договор за примирје во Газа

Катерина Ѓуровски

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште