Помпео: Кина со финансирање на Мадуро ја продолжува кризата во Венецуела

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео тврди дека Кина ја продолжува кризата во Венецуела со финансирање на Владата на претседателот Николас Мадуро.

Помпео за време на посетата на Чиле, во рамки на својата јужноамериканска турнеја, се сретна со претседателот Себастијан Пињера, со цел да разговараат за американско-кинеската трговска војна и венецуелската криза.

– Кина со финансиската поддршка на режимот на Мадуро ја забрза и продолжи кризата во таа земја, истакна Помпео.

Шефот на Стејт департментот тврди дека Кина инвестирала во Венецуела повеќе од 60 милијарди долари „без никакви обврски“.

– Не е никакво изненадување што Мадуро ги користел овие пари за плаќање на приврзаниците, замолчување на продемократските активисти и финансирање социјални програми кои немаат ефект. Сметам дека тоа е лекција која сите треба да ја научиме. Кина и останатите лицемерно бараат да нема интервенирање во внатрешните работи на Венецуела, а тие преку финансии овозможуваат уништување на таа земја, нагласи Помпео.

Би можело да ве интересира

Трамп најави нови царини за Кина, одма пристигна одговор

Горан Наумовски

„Фајненшл тајмс“: Резолуцијата за Украина ги обединува САД, Русија и Кина против Европа

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина