Помпео: Кина е централна закана на нашето време

Од:

Кина е централна закана на нашето време, оцени денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео, по средбата со неговиот британски колега Доминик Рабa во Лондон.

Тој додаде дека САД и сојузниците мора да обезбедат воена и технолошка моќ за да овозможат „во овој век да владеат западните принципи“.

Иако ние сè уште мора да бидеме исклучително будни во врска со тероризмот, кинеската Комунистичка партија е централна закана за нашето време, потенцираше Помпео.

Тој додаде дека Кина има огромна економија, со неверојатен деловен потенцијал, но дека Комунистичката партија јасно стави до знаење дека нејзината агенда не е во согласност со западните вредности, особено во однос на технологијата, Светската трговска организација, инфраструктурата и воените способности.

Би можело да ве интересира

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски

САД ќе градат своја „Железна купола“